Дома Останати Ракомет Милосављев за титулата во ЛШ со Вардар: Во Келн тие три дена едвај јадев и спиев

Милосављев за титулата во ЛШ со Вардар: Во Келн тие три дена едвај јадев и спиев

Дејан Милосављев беше еден од најзаслужните играчи на Вардар во освојувањето на титулата европски шампион во 2019 година.

Во интервју за српски „Журнал“ Милосављев зборуваше за времето во Скопје кое за него било фантастично.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Во тие три дена од фајнлфорот во Келн едвај спиев, можеби само еден час дневно, не ни јадев. Вообичаено не сум нервозен, мирен сум, но во Келн ги менував маичките на секој половина час од што се потев. Кога победивме како некој да ме исфрли на кровот на „Ланксес Арената“. Не знаев што да правам во тие моменти, дали да одам во соблекувалната или да се јавам на моите или сопругата“.

„Дочекот во Скопје беше нешто посебно, такво нешто мислам дека не доживуваат ниту најголемите НБА или фудбалски ѕвезди. Им симнувам капа на луѓето кои навиваа за нас и не пречекаа. Македонија е земја која живее за ракомет“, изјави Милосављев.

Mилосављев во овој момент брани за Фуксе Берлин, а неодамна потпиша нов договор со германскиот тим.

Целото интрвју на Милосављев – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…