Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои УС Опен откако во финалето го победи Каспер Руд.
Алкараз одигра уште еден фантастичен меч и покажа дека се наоѓа во фантастиќна форма. На крајот заслужено дојде до титулата. Шпанецот во мечот кој траеше три часа и 22 минути славеше со 3:1 во сетови, а покрај новата Грен Слем титула испиша историја како најмлад тенисер кој бил на врвот на АТП.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
МНечот одлично го започна и покажа дека за него само победата доаѓа во предвид, додека Норвежанецот на другата страна се обидуваше да пружи што посилен отпор.
Првиот сет траеше 49 минути, а на крајот му припадна на Алкараз со 6:4. Но, Руд по тој сет започна да игра многу подобро. Норвешкиот тенисер беше одличен во вториот сет и изедначи на 1:1 со 6:2.
Клучниот момент беше третиот сет. Двајцата тенисери играа маестрално и овој сет отиде во тај-брејк. Тука на Руд сепак попушти концентрацијата и Алкараз го доби тај-брејкот со убедливи 7:1 и поведе со 2:1 во сетови.
Во четвртиот сет шпанскиот тенисер продолжи со одличната игра, па Руд немаше шанси да се врати во мечот. Алкараз го доби со 6:3.