Дома Фудбал Фановите среќни: Бусткетс и Барса се договорија

Фановите среќни: Бусткетс и Барса се договорија

Играчот за врска на Барселона и шпански репрезентативец, Серхио Бускетс наскоро ќе потпише нов договор со Барселона, соопшти „Радио Каталонија“.

Бускетс бараше нов договор и се закани со заминување од „Камп Ноу“ доколку не бидат исполнети неговите барања. Лично претседателот Бартомеу имал средба со фудбалерот, па двете страни постигнале начелен договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, Бускетс ќе потпише нов договор до 2023 година, а откупната клаузула во новиот договор ќе изнесува 200 милиони евра.

Интерес за 29-годишниот фудбалер покажуваа ПСЖ и Манчестер Сити, но Бускетс во наредните денови и официјално ќе стави потпис на новиот договор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Доби два жолти картони и остана во игра

Фудбалската јавност остана изненадена по настаните на “Вембли”, каде фудбалеро…