Дома Фудбал Уште една лоша вест за Барселона: Заврши сезоната за Де Јонг

Уште една лоша вест за Барселона: Заврши сезоната за Де Јонг

Репрезентативецот на Холандија, Френки Де Јонг во натпреварот против Реал Мадрид доживеал тешка повреда поради која за него сезоната е завршена.

Според информациите од Шпанија, Де Јонг се здобил со дисторзија на десниот скочен зглоб и поради тоа ќе паузира околу пет недели. Медиумите пренесуваат дека дури и неговото заздравување да оди побрзо во Барселона нема да ризикуваат затоа што во во овој момент од сезоната не можат многу да променат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Секако, главната цел на Де Јонг е Европското првенство кое стартува во јуни и сака да биде максимално подготвен за тој период.

Холандија во првиот натпревар ќе играп ротив Полска на 16-ти јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од револуцијата: Нема да се имплементира офсајд-правилото на Венгер

Меѓународната организација на фудбалски федерации го одби предлогот за промена на правилот…