Менаџерот на Евертон, Марко Силва имал средба со сопствениците на клубот и се наоѓа пред отказ, пренесуваат медиумите на Островот.
Причината е слабата игра на тимот, а капкара која ја прели чашата е домашниот пораз од Норвич во последното коло.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш по натпреварот, Марко Силва имал состанок со сопственикот на клубот, Фархад Мошири и директорите на Евертон, кои сега мора да одлучат за неговата иднина.
Тимот од Ливерпул загуби шест од последните девет натпревари во лигата и во следните натпревари ќе се соочи со Ливерпул, Лестер, Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Манчестер Сити.
Англиските медиуми најавуваат сензационално враќање на Дејвид Мојс на кормилото на Евертон.
David Moyes could make a sensational return to Goodison Park if Everton sack Marco Silva. (Source: Sky Sports) pic.twitter.com/ilbJl6TAOj
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 24, 2019