Aргентинскиот клуб Гимназија Ла Плата каде што како тренер работеше Диего Армандо Марадона одлучи на ист начин како и италијански Наполи да му оддаде почит на големиот Диего.
Марадона во Наполи важи за вистинско божество кога тој играше во клубот Наполи ги минуваше најславните денови, па затоа во Неапол одлучија стадионот „Сан Паоло“ да го преименуваат во стадион „Диего Армандо Марадона“. На ваков потег се одлучи и Химназија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Популарниот „Ел Пибе“ минатата година седна на клупата на Химназија, а сезонава присуствуваше само на еден натпревар на тимот и тоа на стартот од првенството. Причината поради која не присуствуваше на натпреварите на Химназија беше неговата здравствена состојба.
Сепак, иако Диего не помина долг период како во Наполи, Химназија се реши својот стадион да го преименува во „Градски стадион Диего Армандо Марадона“. Треба да се спомене и дека една трибина од стадионот ќе го носи името на Аелхандро Сабеља кој почина неодамна. Сабеља беше селектор на Аргентина кога оваа репрезентација играше финале на Светското првенство во 2014 година. Во тоа финале Аргентина доживеа пораз од Германија после продолженија. Одлучувачкиот гол како што е познато го постигна Марио Геце.
Стадионот на Химназија е трет кој ќе го носи името на Марадона. Првиот веќе го споменавме, оној на Наполи, а вториот е стадионот на Аргентинос Јуниорс кој е матичен клуб на Диего.