Дома Фудбал Репрезентации Уште еден проблем за Милевски, Штутгарт го повлече Чурлинов

Уште еден проблем за Милевски, Штутгарт го повлече Чурлинов

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија Благоја Милевски се соочува со проблеми пред дуелот со Црна Гора во вторник.

Откако беше објавено дека Милевски нема да може да смета на Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љаврдим Фазлиу, се појави уште еден проблем. Имено, Штутгарт побарал Дарко Чурлинов да се врати во клубот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Германскиот клуб инсистирал Чурлинов да се врати во клубот поради неколкуте позитивни случаи на Ковид кои се појавија кај младинците.

Ова значи дека младинската репрезентација на Македонија во вторник против Црна Гора ќе игра речиси со втор состав.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нови проблеми за Флик: Се повреди уште еден фудбалер на Барселона

Играчот на средината на теренот на Барселона и шпанската репрезентација, Пабло Гави, продо…