Mикел Артета го напушти Манчестер Сити и од помошник кај „граѓаните“ пред неколку сезони стана прв тренер на Арсенал и оваа сезона многу добро му оди.
По истиот пат би можел да тргне и сегашниот помошник на Гвардиола, Енцо Мареска. Познатиот италијански стратег се поврзуваше со Саутемптон, доколку Хаасенхутл добие отказ поради лошиот старт во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марсека сезонава е асистент на Гвардиола, но може лесно да си замине како Артета во 2019 година.
Ако не успее да се договори со Мареска втор кандидат за клупата на Саутемптон е уште еден Италијанец, Доменико Тедеско кој остана без ангажман откако доби отказ во Лајпциг.