Maкедонската фудбалска икона, Горан Пандев наскоро би можел да добие македонското друштво во Џенова.
Имено според италијанскиот реномиран медиум „Калчомеркато“ пренесува дека Џенова е спремна да го доведе Мирко Ивановски кој прикажува одлични настапи во дресот на Славен Белупо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на Ивановски истекува на крајот на сезоната и во овие моменти нема најави дека би можел да биде продолжен, па Џенова во своите редови би можела да го доведе како слободен играч.
Ивановски во Хрватска на 26 одиграни натпревари постигна десет погодоци и е трет најдобар стрелец во првенството, додека минатата сезона беше стрелец на 20 погодоци.
Во текот на својата кариера Ивановски настапуваше во шампионатите на Чешка, Унгарија, Полска и Турција.