Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски освои бронзен медал на „Президент Купот“ кој се одржа во Истанбул.
Георгиевски во полуфиналето се пласираше во полуфиналето, но таму беше подобар од актуелниот олимписки шампион Сисе. Георгиевски борбата со таеквондистот од Брегот на Слоновата Коска ја загуби со 0:2 (0:4 и 1:3).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно Дејан славеше победи против Хамидреза Бадријалјабади од Азербејџа со 2:0 и со домашниот таеквондист Берат Хусен Демирчиоглу исто така со 2:0.
„Не постои потешка работа на светот од тоа да држиш континуитет со врвни резултати во олимписки спорт, такви спортисти се неколкумина на балканот а меѓу нив е и Дејан Георгиевски !
Никогаш не е наш стил да се жалиме пред борба, Деки пред денешните борби не тренираше 10 дена, само за да може да настапи денес.
Тие 10 дена за темпирана форма значат премногу, и покрај тоа фуриозно ги поминавме светските таеквондо велесили Турција и Азербејџан, во тесна борба за финале за жал пораз од олимпискиот шампион Сисе од Брегот на слоновата коска“, порачаа од таеквондо федерацијата по освоениот медал.