Дома Фудбал Утрински лет за Минхен, па црвено Ауди во клубот – Тоа секогаш значи ново засилување во Баерн

Утрински лет за Минхен, па црвено Ауди во клубот – Тоа секогаш значи ново засилување во Баерн

Баерн Минхен доби уште едно јануарско засилување. По Саша Бои и Ерик Даер, нов член на клубот е шпанскиот фудбалер Брајан Сарагоса, кој утрово пристигна во Минхен.

Брајан Сарагоса потпиша за Баерн уште во декември. Тогаш сепак беше одлучено овој фудбалер да остане на позајмица во Гранада до крајот на сезоната, но работите се променија претходните денови и Томас Тухел одлучи дека 22-годишниот му е потребен во тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Работата беше завршена брзо. Сарагоса утринава полета за Минхен, на аеродромот го чекаше црвено ауди и шпанскиот фудбалер веднаш ќе се приклучи на тимот во подготовките за продолжението на шампионатот.

Покрај 12-те милиони евра кои Гранада ги заработи од продажбата на овој играч, шпанскиот тим ќе инкасира дополнителни четири милиони поради одлуката на баварскиот тим наместо следното лето веднаш да го ангажира.

Овој 22-годишен фудбалер би можел да дебитира веќе на натпреварот против Борусија од Менхенгладбах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл против Ман Сити за ФА Купот

Дербито во петтото коло од турнирот за Купот на Фудбалската Асоцијација на Англија ќе биде…