Дома Фудбал Италија Утре се решава судбината на Икарди: Што нуди Интер, што бара Ванда?

Утре се решава судбината на Икарди: Што нуди Интер, што бара Ванда?

Во Интер според италијанските медиуми не и веруваат на Ванда и сметаат дека има скриени намери, но немаат избор, па мораат да бидат оптимисти.

Преговорите помеѓу Интер и Икарди наводно се закажани за утре.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Самиот играч медиумите ги обвини за ширење лаги. Икарди демантираше дека тајно преговара со Реал Мадрид.

Каква ќе биде понудата на Интер?

Според информациите од Италија, „нероаѕурите“ ќе му понудат 7.5 милиони евра плус бонуси со услов клазулата да биде зголемена на 250 милиони евра.

Меѓутоа со се бонусите Икарди најмногу ќе стигне до осум милиони евра, додека неговата сопруга бара 10.

Во Интер се оптимисти веруваат дека Мауро сака да остане, но не и веруваат на неговата сопруга која наводно прави се за да го пресели во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…