Дома Фудбал Италија Утре конечна одлука за мечот Јувентус – Наполи

Утре конечна одлука за мечот Јувентус – Наполи

Конечната одлука за неодиграниот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи се очекува утре, откако беше разгледана жалбата на клубот од Неапол.

Натпреварот требаше да се одигра на 4-ти октомври, но Наполи не допатува во Торино, бидејќи имаше двајца фудбалери позитивни на Ковид 19.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од клубот тврдат дека биле спречени да патуваат од страна на здравствените власти, морало сите од клубот од бидат во изолација и бараат да се одреди нов термин за натпреварот.

Од италијанската федерација не го спорат решението на здравствените власти, но тврдат дека Наполи требало да го почитува протоколот на Федерацијата и да отпатува во Торино.

Јувентус очекува службена победа од 3:0, Наполи бара мечот да се одигра во нов термин, па утре ќе биде донесена конечната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаос во Аргентина: Фудбалери се качија на трибини за да се тепаат со своите навивачи (Видео)

По поразот во финалето на Купот на Аргентина, фудбалерите на Велез Сарсфилд влегоа во конф…