Актуелниот шампион во кралската класа во Мото ГП, Марк Маркез имаше успешна операција во Барселона, откако заработи фрактура на раката на стартот на сезоната.
На шпанскиот возач му се предвидуваше пауза од неколку месеци, но по операцијата пристигнаа добри вести бидејќи Маркез ќе треба да паузира само неколку недели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарот на „Скај“, Антонио Босели објави дека Маркез ќе паузира само три недели, а на својот мотор се очекува да се врати за трката во Брно на 9 август.
@denkmit @motomatters surgery done almost two hours ago, radial nerve ok, they inserted a plate. The aim is Brno
— Boss™AntonioBoselli (@antonioboselli) July 21, 2020
Да потсетиме, 27-годишниот возач доживеа тежок пад на четири круга до крајот на трката во Херез, по што на носилки беше префрлен во медицински центар.