Дома Фудбал Италија Усвоена жалбата на Наполи, ќе се игра мечот со Јувентус

Усвоена жалбата на Наполи, ќе се игра мечот со Јувентус

Јувентус и Наполи во октомври не го одиграа мечот бидејќи гостите од Неапол не допатуваа во Торино поради проблеми со позитивни играчи од Ковид 19.

Серија А и италијанската федерација заклучија дека Наполи не вложи доволно напор да дојде на натпреварот, па затоа не беше откажан, туку победата му беше доделена службено на Јувентус (3:0), а Наполи беше казнет со одземање на еден бод.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанскиот Олимписки комитет ја поништи одлуката на Серија А и Италијанската фудбалска федерација бидејќи ја прифати жалбата на Наполи.

На Јувентус ќе му се одземат трите бода, а на Наполи ќе му биде вратен одземениот бод, а натпреварот ќе се одигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Човекот кој „забоде нож во срцето“ на Реал Мадрид, сега се враќа како тренер?

Алваро Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид. Претседателот на клубот, Флорентино П…