Дома Топ вести Управата на Барса објасни зошто не го доведе Кутињо – Дали ова ќе ги смири навивачите?

Управата на Барса објасни зошто не го доведе Кутињо – Дали ова ќе ги смири навивачите?

Управата на Барселона одлучи да одржи итна пресконференција за да им објасни на навивачите зошто Каталонците не доведоа ниту еден играч во последниот ден од трансфер периодот.

Иако се поврзуваа со Кутињо и Анхел Ди Марија, двата играчи останаа во своите клубови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Директорот на Барселона, Алберт Солер го изјави следново:

„По неколку недели понуди и разговори, Ливерпул во последниот ден побара 200 милиони евра. Одлучивме дека не сакаме да го загрозиме клупското наследство и финансиите. Не дозволуваме да играат со нас на пазарот“, изјави Солер.

Потсетуваме, Барса испрати вкупно четири понуди на адресата на Ливерпул, последната изнесуваше 150 милиони евра вклучувајќи ги и бонусите, но „Црвените“ не попуштија од првичниот план да го задржат Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…