Дома Фудбал Англија Ужасни вести за Јунајтед: Познато колку ќе паузира Погба!

Ужасни вести за Јунајтед: Познато колку ќе паузира Погба!

Жозе Мурињо денес потврди дека Пол Погна е посериозно повреден, па нема да може подолг период да смета на Французинот.

Првите прогнози велат дека Погба сигурно нема да се врати на терените до крајот на ноември.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Погба се повреди на натпреварот против Базел во 1-то коло од ЛШ, а подоцна беше потврдено дека има кинење на бутниот мускул.

„Не сакам да зборувам за играчите со тешки повреди. Тоа се Ибрахимовиќ, Рохо и Погба. Пол е повреден и нема да игра подолго време. Тоа не е повреда која ми дава надеж дека за брзо ќе го видиме на терените, како што е случајот со Валенсија и Џонс“, изјави Мурињо.

Повредата на Погба сериозно ги загрижува сите во таборот на Манчестер Јунајтед, а лекарскиот тим се уште не одлучил дали играчот ќе биде опериран или ќе се лекува со конзервативна терапија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатно: Фудбалер во Скандинавија за награда доби – 55 кг компири (Фото)

Францускиот фудбалер Максим Салас, кој настапува за данскиот клуб Сондерјиске, доби несеко…