Дома Фудбал Германија Ужас: На млад голман од Бундеслигата му ја ампутираа ногата

Ужас: На млад голман од Бундеслигата му ја ампутираа ногата

Meсто да сонува голема кариера, малдиот голман на германската екипа Унион  Берлин го дочека сурова реалност и предвреме ја заврши кариерата.

Баркин Арсланоглу, голман во Унион Берлин претрпе тежок животен удар откако му бил дијагностициран рак на коските.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој 18-годишник со турско потекло е роден во Германија, помина низ хемотерапија, но за жал таа не беше успешна и на крајот единствено решение беше да му се ампутира левата потколеница. Само така можело да се спречи напредувањето на болеста.

Арслангулари дебитираше за првиот тим на Унион Берлин во март 2024 кога настапи во пријателски натпревар против Магдебург и неговиот тим тогаш победи со 3:1.

Унион Берлин започна хуманитарна акција за да се покријат трошоците, но и самите донираа одредена сума.

„Веќе поминав многу препреки во животот и сега ќе се борам против оваа болест со сите средства кои ми се на располагање. Ви благодарам на поддршката“, објави Арслангулари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Арсенал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Коло Муани сака да го напушти ПСЖ во зимскиот преоден рок. Кол…