Полскиот судија Шимон Марчињак ќе биде санкциониран од УЕФА за пропустот кој го направи во полуфиналниот реванш помеѓу Реал Мадрид и Баерн.
Иако ситуацијата беше неизвесна дали е офсајд или не, помошникот судија го крена знаменцето, а главниот судија Симон Марчињак свирна и ја прекина акцијата од која Баерн даде гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА планира на полскиот судија да не му ги додели клучните натпревари на Европското првенство, пишуваат полските медиуми.
Марчињак е еден од судиите со највисок рејтинг во Европа, но после оваа грешка ќе биде „казнет“ со несудење на клучни натпревари на ЕП.