Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА ја одби жалбата: Реал без Карвахал против ПСЖ

УЕФА ја одби жалбата: Реал без Карвахал против ПСЖ

УЕФА ја одби жалбата на Реал Мадрид за казната на Дани Карвахал, кој ќе мора да паузира два натпревари во Лигата на шампиони.

Карвахал намерно доби жолт картон на натпреварот од претпоследното коло во групната фаза од ЛШ за да биде „чист“ во осминафиналето. Меѓутоа дисциплинската комисија на УЕФА поради тоа покрена постапка па бекот на „кралевите“ доби два меча суспензија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Карвахал го пропушти првиот меч во групната фаза против Борусија Дортмунд. Реал се жалеше, со намера да се намали казната на само еден меч, но денес жалбата беше одбиена.

Така Зинедин Зидан нема да може да смета на Карвахал во првиот натпревар од мега пресметката против Пари Сент Жермен во осминафиналето од ЛШ.

Тој натпревар на прогамата е на 14-ти февруари на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Левандовски останува во Барселона, но под нови услови

Иднината на Роберт Левандовски во Барселона станува неизвесна, но каталонскиот клуб разгле…