УЕФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Македонија поради кршење на ковид-протоколот oд страна на фудбалерите пред натпреварот со Холандија во Амстердам.
УЕФА истакна дека е назначен дисциплински истражител кој треба да разгледа „лошо однесување и потенцијално кршење“ на здравствените протоколи на Евро 2020 од страна на играчите. Фудбалерите пред натпреварот со Холандијан беа на прошетка низ каналите во Амстердам што секако е забрането кога сте во балон, видеата беа споделени на социјалните мрежи, а сега тоа веројатно ќе резултира со казна за Фудбалската федерација.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Евентуалните санкции на УЕФА ќе бидат против ФФМ поради правилата на УЕФА, па фудбалерите иако не ги почитуваа правилата индивидуално ќе поминат неказнето.