Eвропскиот Суперкуп ќе се игра пред навивачи.
УЕФА денес соопшти дека финалниот натпревар во Суперкупот помеѓу Челзи и Виљареал на стадионот во Белфаст ќе може да присуствуваат 13.000 навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот ќе се игра на „Виндзор Парк“, а навивачите ќе можат да се пријават за влезница до 2. август. Оние кои ќе дојдат до влезница на влезот од стадионот ќе мораат да покажат ПЦР или брз негативен тест на коронавирус.
Дуелот помеѓу Челзи и Виљареал ќе се игра на 11. август во главниот град на Северна Ирска.