Дома Трансфер зона УЕФА нареди: ПСЖ мора да продаде играчи за 70 милиони!

УЕФА нареди: ПСЖ мора да продаде играчи за 70 милиони!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) не откри прекршување на Финансискиот фер-плеј од страна на Пари Сент Жермен во однос на трансферите на Најмар и Мбапе, соопштува еминентниот „Екип“.

Исто така во решението се вели дека УЕФА нема да презема никакви санкции за „светците“ доколку клубот до 30-ти јуни оваа година продаде фудбалери во вредност од најмалку 70 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Доколку тоа се случи, ПСЖ може да биде спокоен бидејќи не ги прекршил правилата на ФФП. Минатото лето „светците“ и платија на Барселона 222 милиони евра за Нејмар, а Мбапе пристигна како позајмен фудбалер од Монако.

ПСЖ има можност да го откупи Мбапе на лето за 180 милиони евра, а тоа ќе може да го стори доколку продаде фудбалери во вредност од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…