Европската фудбалска унија објави четири пара кои кои нема да можат да се најдат во иста квалификациска група за Европското првенство во фудбал 2020 година.
На 2-ри декември ќе се одржи ждреб за квалификации за Европското првенство 2020 година, а за овој ждреб УЕФА донесе одлука кои селекции нема да можат да играат во иста група.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, најголема причина е политичката ситуација.
Според тоа УЕФА донесе одлука во иста група да не може да се најдат Србија и Косово, Русија и Украина, Ерменија и Азербејџан, како и Шпанија со Гибралтар.