Дома Фудбал Останато УЕФА ги реши сите дилеми: ЕП ќе се игра во 12 градови, Македонија ќе игра пред публика!

УЕФА ги реши сите дилеми: ЕП ќе се игра во 12 градови, Македонија ќе игра пред публика!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема намера да го промени планот за Европското првенство и тоа ќе се игра според планот, во 12 града домаќини.

Поради проблемите со пандемијата се шпекулираше дека ЕП може да биде одиграно само во една држава, а Англија и Русија беа спремни да ја преземат целата организација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, УЕФА смета дека нема потреба да се прават промени и ЕП ќе се игра во 12 градови од 11-ти јуни до 11-ти јули.

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат ќе учествува на еден континентален собор, а натпреварите ќе ги игра во Букурешн и Амстердам.

УЕФА ќе дозволи публика од 25% од капацитетот на стадионите. Тоа значи дека за двата меча на Македонија во Букурешт против Австрија на 13 јуни и со Украина на 17 јуни ќе биде дозволено присуство на 14.000 фанови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фабрицио откри пеколен план на Манчестер Јунајтед: Си оди ѕвезда на тимот поради човек кој треба да го „препороди“ клубот

Манчестер Јунајтед се подготвува за нова реконструкција, а Фабрицио Романо носи важни инфо…