Дома Топ вести Удинезе не го пушта Несторовски во јануари

Удинезе не го пушта Несторовски во јануари

Удинезе го стопира трансферот на Илија Несторовски во Сампдорија после повредата на Деулофеу, пренесуваат италијанските медиуи.

Македонскиот напаѓач сакаше да ја промени средината во јануари и имаше понуди од неколку клубови, а најблиску беше до трансфер во Сампдорија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Несторовски е на шест месеци пред крај на неговиот договор, но Удинезе не планира да го продаде, иако не му дава ниту голема минутажа.

Причината за тоа е повредата на Делофеу затоа што тренерот на Удинезе сака да има резервно решение, а исто така од клубот порачаа дека нема никого да продадат на средина од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…