Дома Фудбал Англија Удар за Клоп и Ливерпул: Еден од најважните играчи во ротацијата ја заврши сезоната

Удар за Клоп и Ливерпул: Еден од најважните играчи во ротацијата ја заврши сезоната

Лоши вести пристигнуваат за навивачите на Ливерпул и тренерот Јирген Клоп и тоа пред натпреварот против Манчестер Сити.

Како што е потврдено денес од клубот од „Енфилд“ за дефанзивецот Жоел Матип оваа сезона е завршена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Дефанзивецот се повреди во натпреварот против Кристал Палас во кој „црвените“ стигнаа до победа од 2:1.

Ова би можело да претставува проблем за Германецот со оглед на тоа што Матип е важен фудбалер во ротацијата на англискиот гигант, а пред да пристигне Ван Дијк од Саутемптон беше и стандарден првотимец.

Статусот на Матип во тимот до крајот на сезоната сега најверојатно ќе го замени Рагнар Калаван.

Ливерпул и Манчестер Сити својот натпревар од Лигата на шампионите го играат утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…