Дома Фудбал Удар за Зидан, тешка повреда на Карвахал

Удар за Зидан, тешка повреда на Карвахал

Нема крај на проблемите на Зинедин Зидан со повредени фудбалери, после Азар повреда заработи и Дани Карвахал.

Според „Марка“, која е добро информирана за случувањата во Реал Мадрид, Карвахал ќе отсуствува од терените во следните два месеци.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Шпанскиот репрезентативец го повреди коленото на денешниот тренинг, а лекарските прегледи покажаа оштетување на лигаментите.

Карвахал го пропушти и последниот меч пред два дена против Ваљадолид, а на негово место играше Алваро Одриазола.

Карвахал ќе отсуствува два месеци од терените и ќе го пропушти и првото Ел Класико оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити имаше неочекуван неуспех кога никој не очекуваше

Манчестер Сити направи неочекувана грешка во трката за титулата во Премиер лигата. “…