Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал ќе мора да оди на нова долга пауза.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанецот цела сезона има проблеми со повредите, а сега ја обнови повредата на мускулот поради што ќе мора да пузира дури два месеци.
Реал објави официјално соопштение во кое потврди дека враќањето на терен ќе зависи од брзината на опоравувањето.
Ова е уште еден тежок удар за Реал Мадрид после повредите на Рамос, Азар и Родриго кој нема во брзо време да се враќаат на терените.
Голем проблем е што спомената тројка ќе го пропушти двомечот со Аталанта во Лигата на шампионите кој се игра на 24. февруари. Пред тоа „кралевите“ ќе гостуваат кај Ваљадолид во сабота.