Шпанскиот ветеран Дани Карвахал е уште еден во низата фудбалери кои го кренаа гласот поради преголемиот број натпревари во сезоната.
Неодамна можен штрајк најави и играчот на Манчестер Сити, Родри, а сега истото го зборуваше и Карвахал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Има преголем број натпревари и размислуваме да штрајкуваме. Никој ништо нас не нѐ прашува и поради тоа мораме да го кренеме гласот“, изјави Карвахал.
За Реал Мадрид, Карвахал во минатата сезона одигра 55 натпревари, а поради новиот формат на Светското клупско првенство сезонава би можел да достигне и бројка од 70 натпревари.
Тука треба да се каже и дека Карвахал одигра 18 натпревари помеѓу двете лета, па така јасно е зошто се погласни се реакциите на фудбалерите.