Дома Фудбал Англија Удар за Гвардиола: Сити без Агуеро против Ливерпул

Удар за Гвардиола: Сити без Агуеро против Ливерпул

Напаѓачот на Манлестер Сити, Серхио Агуеро ќе го пропушти натпреварот против Ливерпул поради повреда на коленото, потврди менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Агуеро нема одиграно натпревар од 4-ти март и натпреварот против Челзи, бидејќи на тренингот после мечот го повреди левото колено.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Гаврдиола се надеваше дека Аргентинецот ќе се опорави и дека на утршниот меч ќе биде на клупата, но тоа нема да се случи.

„Серхио остана во Манчестер, не дојде со тимот. Тој е многу подобро, но лекарите денес разговараа со него и им кажа дека и понатаму има мал проблем“, изјави Гвардиола.

Првиот натпревар од четвртфиналето помеѓу Сити и Ливерпул ќе се одигра утре на „Енфилд“ во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Вирц згреши што потпиша за Ливерпул“

Поранешниот германски репрезентативец Дитмар Хаман смета дека Флоријан Вирц направи грешка…