Пријателскиот натпревар во Банког помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул заврши со убедлива победа на тимот на Ерик Тен Хаг (4:0).
На „Олд Трафорд“ започна нова ера со Тен Хаг на клупата и денес очигледно тие посериозно ја сфатија задачата во пријателскиот меч со големиот ривал од Премиер лигата. Се играше 13. минута кога Џејдон Санчо без проблеми постигна гол после слабата интервенција на одбраната на Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нов гол Јунајтед постигна во 30.минута. На маестрален начин Фред од работ на казнетиот простор го лобуваше Алисон. Само три минути подоцна Марсијал се погрижи за 3:0.
Второто полувреме донесе уште еден гол во мрежата на тимот на Клоп, а стрелец беше Пелистри за конечни 4:0.