Ливерпул вчера направи неверојатен пресврт и успеа после големиот пораз во првиот натпревар да се врати и да се избори за финале во Лигата на шампионите.
Сето ова за Ливерпул изгледа како бајка посебно затоа што на другата страна беа фудбалерите на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, можеме да кажеме дека еден од најголемите губитници во овој натпревар беше Фелипе Кутињо.
Имено, тој пред две години се одлучи да направи трансфер од Ливерпул во Барселона, а главна причина за што се одлучи на таков потег беше да ја освои Лигата на шампионите.
Тој сметаше дека со Ливерпул тоа ќе биде невозможна мисија, а целата иронија е што токму тој Ливерпул вчера го исфрли од финалето во Лигата на шампионите.
Многумина после овој натпревар се потсетија на зборовите на Клоп упатени до Кутињо кога Бразилецот размислуваше дали да замине или да остане.
„Остани тука и на крајот клубот ќе направи статуа во твоја чест. Ако заминеш некаде на друго место, не е важно дали тоа е Барселона, Баерн или Реал Мадрид ќе бидеш само еден играч во низата. Овде можеш да добиеш нешто повеќе од тоа“, му зборуваше Клоп на Кутињо тогаш.
Друга причина за што Кутињо е голем губитник во овој случај е што Ливерпул од неговото заминување игра две финалиња во низа во најелитното европско натпреварување.