Дома Фудбал Англија „Тухел требаше да добие отказ, тој е единствен кој профитираше од ситуацијата во Челзи“

„Тухел требаше да добие отказ, тој е единствен кој профитираше од ситуацијата во Челзи“

Челзи оваа сезона се соочи со санкции од Велика Британија поради рускиот газда Роман Абрамович кој на крајот мораше да го продаде клубот.

Поранешниот фудбалер кој долго време настапуваше во Премиер лигата Габриел Агбонлахор истакна дека Томас Тухел е единствениот човек кој профитирал од таквата ситуација, според него во други околности Германецот ќе добиел отказ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Според мене Челзи сезонава потфрли. Во било какви други околности Абрамович ќе го обвинеше Тухел за резултатите. Челзи има играчи од топ класа како Зијеш, Хаверц, Лукаку, Пулишиќ…Со такви врвни играчи се само на еден бод од Арсенал, погледнете го нивниот состав. Тухел треба да биде среќен што се уште е тренер на Челзи“, изјави поранешниот фудбалер.

Сепак, треба да се потсети и дека Челзи и во ваква ситуација се избори за финале во ФА Купот каде што ќе игра против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кејн даде искрена изјава за можното враќање во Премиер лигата

Хари Кејн се врати во Англија поради репрезентативните обврски и при таа прилика зборуваше…