Дома Фудбал Италија Тутоспорт: Роналдо останува верен на Јувентус

Тутоспорт: Роналдо останува верен на Јувентус

Кристијано Роналдо во Јувентус пристигна летото 2018. година од Реал Мадрид кога потпиша четири годишен договор со Старата дама.

И покрај разните шпекулации за можен трансфер на Роналдо во ПСЖ, Тутоспорт уверува дека Португалецот има намера до крај да го одработи договорот со Јувентус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Италијанскиот весник објаснува дека Роналдо има одлични односи со Бјанконерите и во текот на пандемијата со коронавирусот.

34-годишниот Роналдо овој период го поминува дома со семејството, во родната Мадеира.

Кристијано Роналдо и оваа сезона, до прекинот на првенството, имаше одличен скор во дресот на Јувентус, односно на 32 натпревари постигна 25 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инцидент на тренингот на Реал: До вчера изгледаше недопирливо, но кај Алонсо важат други правила

Веднаш по пристигнувањето во Реал Мадрид, тренерот Чаби Алонсо ја воспостави дисциплината …