Одбранбениот играч на турската фудбалска репрезентација Мерих Демирал е суспендиран на два натпревари по гестот што го направи по победата на неговиот тим во осминафиналето против Австрија, пренесуваат германските медиуми.
Сепак, турскиот фудбалски сојуз во вчера соопшти дека веста за казната не е точна бидејќи „УЕФА сè уште не ја завршила истрагата“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори истрага против Демирал за „наводно недолично однесување“ на натпреварот во кој Турција ја победи Австрија со 2-1 и се пласираше во четвртфиналето.