Новак Ѓоковиќ по голема борба славеше победа против Американецот, Алекс Микелсен со 2:0 во сетови. Двата сета српскиот ас ги доби со по 7:6.
Микелсен од самиот почеток влезе одлично и направи брејк за водство од 2:0, а таа предност ја имаше до седмиот гем кога Ѓоковиќ го врати брејкот и сервираше за израмнување. Во тај-брејкот Новак беше подобар со 7:3.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вториот сет беше скоро идентичен со тоа што Ѓоковиќ прв направи брејк и поведе со 3:1, но Микелсен возврати и израмни на 4:4. Вториот тај-брејк беше поизедначен од првиот, а Ѓоковиќ го доби со 11:9.
Во следното коло српскиот тенисер ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Коболи и Вавринка.