Дома Фудбал Англија Во Челси постигна четири гола за едно полувреме, а сега за Англија ќе игра како бек?!

Во Челси постигна четири гола за едно полувреме, а сега за Англија ќе игра како бек?!

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер кој во овој момент е прв стрелец во англиската Премиер лига би можел за националниот тим да игра како лев бек.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За селекторот Ли Карсли кој на клупата е привремено по заминувањето на Саутгејт има проблем со левата бековска позиција каде што најчесто играше Трипие. Сепак, сега тој не се најде на списокот на Англичаните за дуелите во Лигата на Нации. Исто така го нема ниту Лук Шо.

На прес-конференцијата со новинарите Карсли беше запрашан од новинарите дали има решение за оваа позиција, а наведе дека има група на играчи кои би можеле да одговорат на таа позиција. Во прашање се: Арнолд, Букајо Сака и Палмер.

Арнолд вообичаено игра на десната страна, Сака е како офанзивно крило, но во почетоците на кариерата играл и како бек, па затоа овие имиња и не изненадуваат толку. Најголемо изненадување е најавата за Кол Палмер на оваа позиција бидејќи фудбалерот на Челзи досега играл само на офанзивни позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бернардо Силва може да направи неочекуван трансфер во Шпанија!

Атлетико Мадрид напорно работи на обезбедување на значително засилување за следната сезона…