Дома Фудбал Официјално: Италијанскиот прволигаш ставен на продажба

Официјално: Италијанскиот прволигаш ставен на продажба

Италијанскиот клуб Џенова на продажба, потврди извршниот директор Андрес Бласкуез.

Клубот од Серија А е во сопственост на инвеститорите од „777 Партнерс“ кои во 2021 година влегоа во клубот кога тој беше во Серија Б. Наредната сезона успеаа да ја вратат Џенова и во највисокиот ранг од натпреварувањето.

Бласкез во својата изјава се обиде и да ги смири навивачите истакнувајќи дека финансиската ситуација не е доведена во прашање, но истовремено порача дека не е сигурен дека нема да продаде ниту еден играч во зимскиот преоден рок.

Џенова под водство на Алберто Џилардињо во овој момент се наоѓа на 17. место на табелата во Серија А и е блиску до зоната за испаѓање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија Арачиново бара излез од кризата против тимот што веќе го совлада

По четири првенствени средби без триумф, Шкендија Арачиново го пречекува Тиквеш во Чаир. К…