Cтраотни вести пристигнуваат од Турција каде што досега животот го загубија над 1.000 луѓе во силните земјотреси. Има и многу ичезнати, а помеѓу нив е и поранешниот фудбалер на Челзи Кристијан Атсу.




Само неколку часа пред земјотресот фудбалерот постигнал гол во 97-та минута за победа на Хатајспор против Каимпаша и заминал дома. По земјотресот тој не се јавувал на повиците од клубот. Наводно уште двајца фудбалери на овој клуб се водат за исчезнати.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
По него и по сите ичезнати потрага е во тек, од клубот најавија дека ќе ја известат јавноста кога ќе имаат повеќе информации.




Инаку, тренерот на Хатајспор легендарниот Волкан Демирел имаше емотивно обраќање преку социјалните мрежи барајќи помош за наcтраданите. (ТУКА).