Македонскиот фудбалер Лука Станковски е дел од тимот на турски Газиантеп, градот кој беше најпогодениот од земјотресот кој предизвика катастрофа во Турција.
Станковски утрово во изјава „Спортски.мк“ потврди дека за среќа во време на земјотресот тој бил тука во Скопје бидејќи добил два слободни дена од клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Завчера игравме натпревар во Анталија и веднаш по натпреварот добивме два слободни денови, голем дел од екипата остана во Антанталија, а само неколку играчи се вратија во Газиантеп. Јас се вратив во Скопје и за среќа ја избегнав катастрофата“.
За среќа сите од редовите на турскиот клуб се добро.
„Во контакт сум со луѓето од клубот и сите се доброри, но ситуацијата во градот е многу лоша“.
Како што стојат работите тренинзите и обврските кон клубот ќе бидат најверојатно одложени.
„Моментално аеродромот е затворен и чекам информации за што понатаму, но ќе биде одложено“, ни изјави Станковски.