Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Тројца важни фудбалери го пропуштија тренингот на Хрватска

Тројца важни фудбалери го пропуштија тренингот на Хрватска

Хратската репрезентација после вистинска драма и пенал рулет успеа да ја елиминира Русија и се пласираше во полуфиналето на Мундијалот.

Англија им стои на патот на „коцкестите“, а Хрватска во тој дуел би можела да влезе значително ослабена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, хрватските медиуми пренесуваат дека денешниот тренинг го пропуштиле тројца исклучително важни фудбалери. Станува збор за голманот Субашиќ, стоперот Дејан Ловрен и десниот бек Шиме Врсаљко.

Субашиќ во финишот на мечот со Русија се пожали на повреда, Врсаљко исто така беше заменет во продолжението.

Медиумите тврадат дека Врсаљко готово сигурно нема да игра против Англија, додека Ловрен и Субашиќ најверојатно ќе се рехабилитираат и ќе бидат спремни за овој меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…