Летово 33 годишниот напаѓач Трој Дини после 11 години си замина од Вотфорд и продолжи во Бирмингем, а сега имаше интересен коментар во изјава за „Сан“.
Дини ја коментираше приказната која раскажа голманот на Манчестер Јунајтед, Ле Грант. Имено, на вечерата пред мечот со Њукасл никој од фудбалерите на Јунајтед не сакал да земе од тортата само поради здравите навики на Португалецот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На оваа ситуација се надоврза Дини кој истакна дека и тој би постапил на ист начин и би го следел Роналдо.
„Таа приказна всушност покажува што значи Роналдо. И јас би постапил на ист начин кога тој би бил во соблекувалната. Всушност, можам да кажам дека ако го видев Роналдо да јаде го*на од коњ пред натпреварот и јас ќе јадев. Сите знаат колку Роналдо води грижа за себе, а во тоа и сите се уверивме кога го соблече дресот против Ирска“, истакна Дини.