Дома Фудбал Останато Трка за „Златната копачка“: Меси во водство, Серија А со 4 претставници во Топ 10

Трка за „Златната копачка“: Меси во водство, Серија А со 4 претставници во Топ 10

Најдобрите европски лиги веќе длабоко навлегоа во вториот дел од сезоната 2018/19, а со оглед на фактот дека головите во истите носат најголем број бодови, веќе почна да се зборува за трката за „Златната копачка“.

Напаѓачите во Серија А се особено расположени оваа сезона, па кога е трката за „Златната топка“ во прашање имаат дури четири претставници во Топ 10.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа се Кристиано Роналдо, Криштоф Пјонтек, Фабио Кваљарела и Дуван Запата.

Француската Лига 1 има тројца претставници, Премиер лигата двајца, додека шпанската Примера има само еден претставник – сепак тој е предводник на голгетерите оваа сезона.

Имено, на првото место се наоѓа Лионел Меси кој во моментов има 44 бода (22 гола). Втор на листата е младата ѕвезда на ПСЖ Килијан Мбапе со 38 бода (19 гола), што е подеднаков учинок како и Кристиано Роналдо во Јувентус.

На четврто место е новата ѕвезда на Милан, Криштоф Пјонтек со 34 бода (17 гола) исто колку што има и Едисон Кавани во Пари Сент Жермен.

Покрај овие двајца со 17 постигнати гола се уште и двете ѕвезди од Премиер лигата, Серхио Агуеро и Мохамед Салах.

Ветераниот на италијанскиот фудбал, Фабио Кваљарела кој оваа сезона го носи дресот на Сампдорија има 16 гола (32 бода), исто како и напаѓачот на Аталанта Дуван Запата.

Топ 10 листата ја затвора напаѓачот на Лил, Николас Пепе кој исто така има 16 гола и веќе се наоѓа на радарот на неколку европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…