Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл за Јокиќ, шампионот на колена пред Денвер! 🎥

Трипл-дабл за Јокиќ, шампионот на колена пред Денвер! 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го предводеше Денвер нагетс до победа од 128-123 против Голден Стејт вориорс.

Јокиќ беше најдобар на теренот со трипл-дабл, односно постигна 26 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако воините неколку пати во завршницата се вратија резултатски, сепак Денвер успеа да слави и да ја запише првата победа оваа сезона.

За победата на Денвер најмногу помогна Јокиќ кој стигна до 77. трипл-дабл во кариерата, па му недостигаат ште три за да се израмни на вечната листа со легендарниот Вилт Чемберлејн.

Најдобар во екипата на Голден Стејт беше Стеф Кари со 34 поени, а Ендру Вигинс запиша 23 поени, но тоа не беше доволно за позитивен резултат на шампионот.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Њу Орлеанс 112-114, Индијана – Сан Антонио 134:-137, Вашингтон – Чикаго 102-100, Атланта – Орландо 108-98, Бруклин – Торонто 109-105, Мајами – Бостон 104-111, Њујорк – Детроит 130-106, Хјустон – Мемфис 122-129, Минесота – Јута 126-132 (прод.), Голден Стејт – Денвер 123:128, Портланд – Феникс 113-111 (прод).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…