Дома Трансфер зона Трипие потврди: Интересот од Баерн за мене е комплимент

Трипие потврди: Интересот од Баерн за мене е комплимент

Фудбалерот на Њукасл, Киеран Трипие во овој преоден рок се споменуваше како можно засилување за Баерн Минхен, но Њукасл не ја прифати понудата од германскиот гигант во износ од 15 милиони евра.

Дека имало голем интерес од Баерн потврди и самиот Трипие.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Готово е. Посветен сум на Њукасл. Клубот направи многу за мене и сакам да им возвратам. Интересот од Баерн можам да го прифатам како комплимент за мојата добра форма“, изјави Трипие.

На прашањето дали ваквите ситуации го вознемируваат Трипие одговори.

„Не, јас сум професионалец. Искусен сум и работите кои немаат врска со теренот ги тргнам на страна“, одговори фудбалерот.

Со оглед на тоа дека дефинитивно од трансферот на Трипие во Баерн нема ништо, клубот ќе се сврти кон францускиот бек, Саш Боју кој ги брани боите на Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го продава Рафиња за да се засили со играч од 50 милиони евра?

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс има откупна клаузула од 50.000.000 евра,…