Манчестер Јунајтед избори пласман во полуфиналето на ЛЕ откако по продолженијата го совлада Копенхаген.
Јунајтед очекувано дојде до пласман во полуфиналето, но добро се намачи против данскиот претставник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овен Харгвејс, поранешниот играч на Јунајтед, во анализа на натпреварот посебно го пофали Антони Марсијал.
„Тој е Ферари. Изгледаше како играч кој вреди 100 милиони фунти.“ – изјави Харгвејс.
Пофални зборови стигнаа и од легендарниот Пол Сколс.
„Тој се претвара во број 9 се повеќе и повеќе. Обично е одличен финишер, но вечерва завршницата не беше тука.“
Робин Ван Перси исто така смета дека Марсијал е најдобриот играч на Јунајтед. „Марсијал секогаш ги има на око соиграчите и тоа е она што го издвојува од останатите. Затоа мислам дека е играч од светска класа.“