Марсело Брозовиќ би можел да го напушти Интер на крајот на сезоната како слободен агент.
Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката, а договорот на Брозовиќ завршува на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување.
Хрватот на маса има понуди од три европски гиганти и тоа Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Тотенхем, па на Интер ќе му биде тешко да го задржи.
Притоа, Хрватот ќе земе одредена сума како бонус при потпишување за новиот клуб, бидејќи ќе пристигне како слободен агент.