Адриен Рабио на лето готово сигурно че го напушти Јувентус, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи, Тотенхем и Ливерпул покажуваат силен интерес за Французинот и веќе во јануари ќе стапат во контакт со неговиот агент.
Рабио е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а после одличните настапи на Мундијалот интересот за него е голем.
Трите англиски гиганти ќе водат голема битка за неговиот потпис, а Рабио бара 4-годишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона.