Реал Мадрид го победи РБ Лајпциг со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Победничкиот гол беше ремек дело на Брахим Дијаз, фудбалер кој се најде во првиот тим на местото на повредениот Џуд Белингем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Стрелецот Брахим Дијаз не беше најдобриот играч на Реал на овој меч. Украинецот Андриј Лунин, номинално третиот голман во хиерархијата на Кралскиот клуб, брилјираше. Тој запиша девет одбрани, а пет од тие удари беа во шеснаесетникот.
Лунин исто така беше многу сигурен на топката, погодувајќи седум од 11 прецизни долги додавања. Софаскор пресмета дека просечен голман, соочен со толку шанси, ќе прими најмалку два гола. Погледнете ги неговите најдобри потези:
🇺🇦 🧱 Lunin MOTM performance vs RBL pic.twitter.com/DNATG4y7iE
— Ірина Irina (@IrinaRysiapasha) February 13, 2024